• Сашо Поповски

Лорис Кариус ова лето ја заврши соработката со Ливерпул и моментално како слободен агент бара нов ангажман.
29-годишникот смета дека сега е вистинско време за нов старт во неговата кариера. Намерата му е да продолжи да тренира самостојно и да чека прилика од некој клуб.
„Забележувам колку е забавно да се биде на теренот секој ден, да се фрлам по топките. Желбата за игра е сè уште во мене. Јас сум на добра возраст, здрав сум, фит сум и навистина уживам. Имам уште многу во себе“, вели германскиот интернационалец.
Кариус започна во Мајнц 05, потоа потпиша со Ливерпул. Во изминатите три сезони играше на позајмица во Бешикташ и Унион Берлин.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.