Лопетеги: Навас или Куртоа? Тоа не е проблем, туку две фантастични опции

Куртоа и Навас

Ретко кој клуб на голманската позиција има двајца квалитетни голмани како Реал Мадрид во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Кејлор Навас беше првиот избор во претходните неколку сезони, во кои „кралевите“ забележаа значителен успех во Лигата на шампионите, но од оваа година ќе има конкуренција во Тибо Куртоа. Белгискиот голман пристигна во Мадрид на барање на тренерот Јулех Лопетеги, кој вели дека за него тоа не е никаков проблем.

„Кејлор или Куртоа? Имаме неверојатна конкуренција на секоја позиција од тимот, а тоа е одличен за нас. Секогаш ќе биде проблем без разлика за што и да се одлучам. Кој и да го изберам, еден фантастичен голман ќе седи на резервната клупа. Сепак, јас на тоа не гледам како проблем, туку како две фантастични опции за голманската позиција“ , вели шпанскиот тренер.

Реал ќе ја отвори новата сезона на 15 август, кога ќе се сретне со Атлетико Мадрид во рамки од Суперкупот на Европа.