Лопетеги доби „клоца“ од Шпанија без ниеден пораз

Јулен Лопетеги доби отказ од федерацијата на Шпанија затоа што тајно преговарал со Реал Мадрид и нема да седи на клупата на Мундијалот, а според статистиката, многу веројатно тој е првиот селектор кој нема пораз, а добива „клоца“.

Причините не се лошите игри, туку федерацијата се чувствува предадено. Лопетеги беше назначен за нов селектор на „фуријата“ во 2016 година и го водеше националниот тим на 20 меча.

Има импресивна статистика, од 14 победи, шест нерешени и ниеден пораз. Шпанија под негово водство има постигнато 61 гол, а има примено само 13 гола во својата мрежа. Лопетеги двапати ја водеше „фуријата“ и против Македонија, а на мечевите забележа две победи (4-0 и 2-1). 

Претходно, Лопетеги работеше и во У21-репрезентацијата со која исто така имаше успеси.