Лондон е на нозе, полицијата на готовс: По 14 години се игра најопасното дерби во Англија!

Првпат по пауза од четиринаесет години ќе се одигра едно „Докерс Дерби“ меѓу екипите на Милвол и Вест Хем. „Чеканите“ лани испаднаа од Премиер лигата и сега во Чемпионшип првпат по 2012 година ќе се сретнат со лутиот градски ривал. 

Ова дерби е едно од најжестоките и најопасните во Англија, а многу пати навивачите имале жестоки судири низ историјата. Во минатиот век во времето на хулиганските денови пресметките на двете навивачки групи биле многу почести, а имало дури и жртви. Во поновата историја исто така се забележани масовни тепачки. 

Засега пред почетокот на дербито не се откриени такви случки, но полицијата веќе има полни раце работа. Наводно, навивачи на Вест Хем со локација повикале дел од ривалската група на тепачка. Сепак, наместо тоа им повикале полиција и навивачите на Милвол завршија во притвор. 

Дербито во Чемпионшип се игра во терминот од 13:30 часот.