Локомотива доби нов тренер

Екипата на Локомотива во наредниот дел од сезоната ќе има нов тренер, во името на Јован Трајков.

Трајков се враќа во старото јато, затоа што во минатото беше дел од Локомотива, но како играч. На клупата го наследува Никола Карчев кој си замина пред извесен период. Негова мисија ќе биде да се обиде да го спаси клубот од испаѓање во понизок ранг.

Локомотива е на осмото место во ВМФЛ - Запад со 19 бода, седум помалку од Тетекс кој е на седмата позиција.