Локомотив Пловдив се откажа од Марко Ферукоски

Тренерот на Локомотив Пловдив, Александар Тунчев, се откажа од услугите на македонскиот фудбалер Александар Ферукоски кој беше на проба во Бугарија.

Како што пишува „Котаспорт“, Тунчев не бил задоволен од играчот од неговите квалитети и од изданието кое го видел на пријателскиот натпревар против ЦСКА 1948 на кој Ферукоски доби шанса да игра. Играчот е веќе на пат за Германија, каде е и роден.

Ферукоски досега играше во Германија, а во Бугарија ја бараше втората интернационална авантура по онаа во Луксембург, во Диферданж.

Своевремено Ферукоски важеше за најголемиот талент на Кикерс Офенбах. Таму ги мина сите младински школи. Играчот кој игра по левата страна во средниот ред беше дел од У18, У19, У20 и У21 селекциите на Македонија.