ВИДЕО: Локомотив Москва го освои рускиот Куп, Баранов автор на голот за титула

Ланскиот шампион на Русија, Локомотив Москва е освојувач на Купот на Русија, по третпат во последните четири години. Во финалето московскиот тим ја оправда улогата на фаворит против Урал од Екатеринбург и славеше со 1-0 (1-0).

  • Извештај од натпреварот:

Дмитри Баранов во 27. минута беше автор на единствениот гол во финалниот натпревар. Ветеранот Јури Сјемин на клупата на „црвените“ освои уште еден домашен трофеј во богатата колекција.

Ова е десетти Куп на Русија за Локомотив, осми во самостојна Русија и два во бившиот Советски Сојуз. Сепак, заради нешто полошиот пласман во шампионатот, Локомотив следната сезона ќе игра во Лига Европа.