ВИДЕО: Локомотив и Краснодар ремизираа, Зенит побегна на врвот

Дербито од 16. коло на руската Премиер лига помеѓу Локомотив Москва и Краснодар, второ и третопласираните екипи од минатиот шампионат заврши без победник, па така двете екипи му направија директна услуга на Зенит, кој се оддалечи од конкуренцијата.

Поведе Локомотив со голот на Криховјак во 41. минута, а израмни Берг само четири минути подоцна.

Зент забележа минималмна победа над Арсенал Тула со 0-1, а единствениот гол го постигна Азмун во 63. минута. Динамо Москва славеше во Казањ, а Спартак Моксва пред своите гледачи ја надигра екипата на Крилија Советов од Самара. 

  • Локомотив Москва - Краснодар 1-1: 

  • Сочи - ЦСКА Мосва 2-3: 

  • Арсенал Тула - Зенит 0-1: 

  • Спартак Москва - Крилија Советов 2-0: 

  • Рубин Казањ - Динамо Москва 0-1: 

Зенит ја зголеми предноста пред пратителите и сега има пет бода повеќе од Ломомитив.