• Мартин Танасковски
Екипата на Бетис продолжи да победува и забележа триумф над Хетафе (2-1) во рамки на колото во шпанска Примера.
По првиот дел без голови, Бетис беше подобар ривал и заслужено ги освои трите бода со кои скокна во горниот дел на табелата во елитата на Пиринеите.
Човек на одлука беше Џовани Ло Селсо кој на дебито како стартер беше двоен стрелец. Аргентинецот прво погоди во 61. минута од пенал, а потоа стави печат на триумфот во 74. минута. Хетафе постигна почесен гол пред самиот крај преку Арамбари.
Бетис се наоѓа на шестото место во Примера благодарение на двете врзани победи.