ВИДЕО: Ло Селсо промаши пенал, Еибар ја продлабочи кризата на Бетис

Екипата на Бетис го доживеа четвртиот пораз во последните пет кола и како гостин кај Еибар загуби минимално (1-0), со што ја продлабочи кризата во шпанска Примера.

  • Извештај од натпреварот: 

Еибар пред својата публика дојде до победа, па продолжи да сонува настап во Европа, иако шансите да дојде до седмото место на табелата се минимални.

Единствениот погодок вреден три бода го постигна Коте, кој пред финишот на првиот дел силно биеше од далечина по еден изведен корнер и го изненади противничкиот голман. Вреди да се напомене дека Бетис имаше шанса да дојде до реми, но во 68. минута Ло Селсо не реализира пенал затоа што голманот Дмитровиќ беше на висината на задачата и одбрани.

Еибар во наредното коло гостува кај Виљареал, додека Бетис ќе има добра шанса да се извади од кризата затоа што игра со фенерџијата Хуеска.