• Саше Љолес
Денес беше извршена ждрепката за плеј-офот во Лигата на нации за сите репрезентации кои обезбедија учество во баражот за опстанок и прогрес во еден ранг погоре.
Во плеј-офот место обезбедија по четири селекции од А, Б и Ц сегментот, а ждрепката ни даде неколку навистина интересни дуели кои заслужуваат големо внимание.
Плеј-оф А/Б:
Турција - Унгарија
Украина - Белгија
Австрија - Србија
Грција - Шкотска
Плеј-оф Б/Ц:
Косово - Исланд
Бугарија - Република Ирска
Ерменија - Грузија
Словачка - Словенија
Плеј-оф Ц/Д:
Гибралтар - Летонија
Малта - Луксембург
Сите парови ветуваат интересен и возбудлив фудбал, а како најинтересни дуели се издвојуваат оние помеѓу Австрија и Србија, како и меѓу Украина и Белгија. Бараж-натпреварите во Лигата на нации ќе се одиграат на 20 и 23 март следната година.