ЛН: Франција и Италија во „групата на смртта“, Хрватска налета на Португалија

Ждрепката за најновото издание на Лигата на нации денес ги донесе трите противници на македонскиот национален тим. Против Ерменија, Летонија и Фарски Острови ќе бркаме промоција во Лига Б и место на следното Светско првенство.

Сепак, покрај нашата група во Лига Ц, извлечени беа и останатите групи во Лига А, Лига Б и Лига Д. Најмногу возбудувања привлече ждрепката во Лига А, каде со исклучок на Англија (која испадна во Лига Б), се наоѓаат најдобрите европски селекции. Најсилната група ја сочинуваат Франција, Италија, Белгија и Израел, а исклучително тешка група доби Босна и Херцеговина. 

Србија и Хрватска добија добро познати ривали, па Хрватска е во група со Португалците, а Србите ќе се соочат со „крвникот“ од последните две Светски првенства, селекцијата на Швајцарија.

Лига А:
Група 1: Хрватска, Португалија, Полска, Шкотска
Група 2: Италија, Белгија, Франција, Израел
Група 3: Холандија, Унгарија, Германија, Босна и Херцеговина
Група 4: Шпанија, Данска, Швајцарија, Србија

Лига Б:
Група 1: Чешка, Украина, Албанија, Грузија
Група 2: Англија, Финска, Ирска, Грузија
Група 3: Австрија, Норвешка, Словенија, Казахстан
Група 4: Велс, Црна Гора, Исланд, Турција

Лига Ц:
Група 1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија
Група 2: Романија, Косово, Кипар, Литванија/Гибралтар
Група 3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија
Група 4: Ерменија, Фарски Острови, Македонија, Летонија

Лига Д:
Група 1: Литванија/Гибралтар, Сан Марино, Лихтенштајн
Група 2: Малта, Андора, Молдавија

Првите две кола се играат на 5 и 8 септември, потоа третото и четвртото на 10 и 13 октомври, додека групите ќе завршат со два натпревари на 14 и 17 ноември.

Од ова издание на Лигата на нациите од секоја група по две селекции се пласираат во четвртфинале со ривали од својата конкуренција.