• Горан Упале

ЖФК Љуботен продолжува да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона, откако официјално промовира четири нови фудбалерки.
Нови членки на тетовскиот клуб се српските интернационалки Габријела Јовиќ, која доаѓа од Спартак Суботица, и Калина Попески, млада напаѓачка која пристигнува од Црвена Звезда.
Договор со Љуботен потпишаа и централната дефанзивка Едина Сулејмани, која доаѓа од АС Јунајтед, како и голманката Халиме Имери, која претходно настапуваше за Вардар и Скопје.
Од клубот изразија уверување дека новите засилувања ќе донесат дополнителен квалитет и ќе помогнат во остварувањето на амбициите во претстојната сезона.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
