Љуботен не можеше со шведскиот гигант во ЛШ, ќе игра за место во Европа Купот!

Македонскиот фудбалски првак ЖФК Љуботен ги загуби шансите за прогрес во следната рунда во Лигата на шампионите, затоа што во рамки на вториот квалификациски турнир доживеа пораз во полуфиналето.

Тетовчанки не можеа да се носат со шведскиот гигант Розенгард, од кого загубија со 0-5 во елитата. Очекувано, некогашниот европски полуфиналист покажа класа и го елиминира македонскиот тим. Се држеше Љуботен скоро цело полувреме, но не успеа повеќе.

Првиот гол Розенгард го даде во 44. минута од пенал. Стрелец беше Имо, а најстрогата казна ја направи Мустафа. Во вториот дел, Имо даде уште еден гол, а погодија уште Сјостром и Ларсон која стрела двапати, за конечни 0-5.

ЖФК Љуботен сега ќе игра за третото место во групата кое води во новоформираниот Европа Куп на УЕФА. Победникот од „малото финале“ ќе добие место на турнирот. Ривал на тетовчанки ќе биде СФК Сараево од БиХ или Леувен од Белгија.