• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција, ЖФК Љуботен, ги заврши настапите во Лигата на шампионите со пораз од босански Сараево.
Еден од најдобрите клубови на Балканот успеа да слави над тетовчани со високи 5-0. Овој меч беше и директна пресметка за третото место на квалификацискиот турнир од втората рунда кое носи место во Европа Купот на УЕФА.
Што се однесува до головите, во 29. минута Спахиќ донесе 1-0 за босанскиот шампион, а потоа Терзиќ пред паузата зголеми на 2-0. Во вториот дел, Крсо, Зукиќ и Џонс-Баидо ги поставија конечните 5-0.
Сепак, европската сезона за Љуботен може да се оцени како успешна, затоа што тетовчанки се првиот македонски клуб кој минал во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.
