ВИДЕО: Љатифи како „брз воз“ – се прошета до голот на Ерменија!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година е пред победа на гостувањето кај Ерменија (0-2) затоа што во вториот дел убав гол постигна Адмир Љатифи.

Напаѓачот на хрватски Осијек покажа неверојатна брзина и се прошета до голот на ривалот. Ја измеша одбраната на Ерменците, си создаде простор и биеше во горниот дел од голот за двојна позитива на Македонија У21.

Нашиот национален тим игра во квалификациите за Европското првенство, но нема шанса за прогрес понатаму и овој дуел е само за престиж.