• Мартин Танасковски

Екипата на Пелистер дојде до победа на последниот пријателски натпревар пред стартот на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и го совлада Тетекс (3-0), а еден од погодоците беше одличен.
Петар Љамчевски повторно погоди за „зелените“ од центар, по оној одличен гол против Брегалница. Пред стартот на второто полувреме тој забележа дека голманот е далеку од линијата, шутираше и ја смести топката зад неговиот грб.
- Голот на Петар Љамчевски од центар против Тетекс:
Во листата на стрелците против Тетекс исто така се запишаа и Борче Маневски во првиот дел, како и Љавдрим Фазлиу во второто полувреме.