Љамчевски: Одиме чекор по чекор, кон добро познатата цел!

Фудбалерите на Пелистер ќе го дочекаат тимот на Арсими во викенд колото во рамките на Втората македонска фудбалска лига. Битолчани имаат високи амбиции, под водство на новиот тренер Бобан Бабунски целат кон елитата и одат на победа на сите натпревари. 

Во пресрет на мечот со Арсими, своето очекување го изнесе искусниот Петар Љамчевски.

„Нè очекува тежок натпревар. Максимално ја респектираме екипата на Арсими, работевме максимално и напорно. Сакаме да ја оправдаме улогата фаворит. Нема што, за нас секој натпревар е како финале. Одиме чекор по чекор, нашата цел добро е позната. Се надевам на полна трибина и нови три бода“, кажа Љамчевски.

Покрај Љамчевски, на јавноста кратко ѝ се обрати и Наумче Бакрачески кој кажа:

„Цела седмица работиме напорно, максимално. Се надевам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога и нови три бода“. 

Пресметката меѓу Пелистер и Арсими се игра в сабота на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.