• Мартин Танасковски

Екипата на Шкендија Арачиново успеа да исфрли прволигаш од Купот на Македонија. Амбициозниот второлигаш славеше над Пелистер (1-0) и дојде до место меѓу осумте најдобри во натпреварувањето.
Дуелот кој се одигра на стадионот во скопски Синѓелиќ му припадна на домаќинот со еден постигнат гол. Во првото полувреме мрежите мируваа, додека во вториот дел, погодокот за победа на арачиновци падна во 51. минута.
Тоа беше кога по еден корнер, највисок во скокот беше Арсим Љамалари. Стоперот успеа со глава да го совлада голманот Андреј Јовчевски и да го постави конечниот резултат, што е голема победа за Шкендија Арачиново. Пелистер до финишот имаше неколку полушанси за гол, но не успеа да го најде патот до мрежата на домашниот тим.
Шкендија Арачиново ќе го добие ривалот на ждрепка која ФФМ ќе ја закаже дополнително.







