ВИДЕО: Ливерпупци со спектакл за Клоп уште пред влезот на „Енфилд“!

Црвениот дел од Ливерпул се подготвува за испраќање на нивниот миленик, Германецот Јирген Клоп, за кого мечот против Вулверхемптон ќе биде последен на клупата на шесткратниот европски првак. 

Навивачите уште од утрото се организираа со разни кореографии низ улиците на Ливерпул, по што ќе се упатат кон легендарниот „Енфилд“, каде ќе им дадат огромна поддршка на своите фудбалери, но и на нивниот тренер кој донесе вкупно седум важни трофеи во клупските витрини. 

Ливерпул ги загуби шансите за шампионската титула, но сепак, последниот сезонски натпревар ќе биде посветен на германскиот стратег, кој очигледно остави огромен печат во клубот и секогаш ќе важи за вистинска легенда на „црвените“.