Ливерпул загуби во Белгија, а Клоп застана во одбрана на младите момчиња

Фудбалерите на Ливерпул претрпеа пораз од Унион Сенt Жилоа во последното коло од групите во Лигата на Европа од 2-1. Сепак, „црвените“ на овој натпревар играа практично со втор состав и млади талентирани момчиња. 

Просечната возраст на играчите беше 21,9 години. Поради тоа, Јирген Клоп не го замерува поразот, напротив застана во одбрана на своите фудбалери кои треба да ја претставуваат иднината на клубот. 

„Потполно го изменив тимот. Никогаш не би судел на фудбалер по вакви натпревари и да му кажам дека не бил доволно добар или нешто слично. Знам колку се добри овие момчиња, ги гледам секојдневно на тренинг, а овој меч беше важен за искуство. 

Мислам дека ниту една кариера не започнала без вакви натпревари во кои мора да се мачите. Мора да се борите за да преживеете. За некои играчи ова беше важно искуство, а за други беше добро за ритам. Видов и добра игра, никој не се повреди и тоа е важно“, изјави Клоп.

Од поискусните во тимот беа само Ватару Ендо, Ибрахима Конате и Коди Гакпо. Покрај нив, за играа младите Бен Доук, Лук Чемберс, Кејд Гордон, Конор Бредли, Џарел Кванса...

Состави

Себастјан Покоњоли

3-4-3

    Арне Слот

    4-3-2-1