Ливерпул за него е минато: Клоп далеку од „Енфилд“ сврти нова животна страница

Јирген Клоп и Ливерпул се разделија по долги години соработка. Германецот си замина од Премиер лигата и почна нов живот, додека чека на новиот ангажман во тренерската кариера.

По победата над Вулверхемптон, Клоп одржа емотивен говор, се поздрави со целиот тим и замина од Ливерпул. Веќе „црвените“ ја објавија и неговата замена, тоа е Арне Слот кој доаѓа од Холандија.

Неколку дена по простувањето со екипата од „Енфилд“, Клоп е далеку од Англија. Во моментов, тренерот се наоѓа во Шпанија, каде е во луксузен хотел заедно со семејството. Следен негов чекор ќе биде преселба во вила од 3,4 милиони фунти, која се гради.

Клоп ќе биде присутен и на „Вембли“ каде во финалето на ЛШ играат Реал Мадрид и неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд.