ВИДЕО: Ливерпул уште слави – Сити за ЕДНО полувреме ја наполни мрежата на шампионот!

„Титулата ни ја „одзедовте“, но вечерва нема да си заминете непоразени“, најверојатно ова беше пораката на Манчестер Сити пред вечерашното дерби со Ливерпул. 

На „Итихад“, новиот шампион доживеа дебакл во првите 45 минути против големиот ривал и на одмор замина со висока негатива од 3-0. „Граѓаните“ на Пеп Гвардиола ги казнуваа сите грешки на гостите и преку Де Брујне, Стерлинг и Фоден имаат заслужено водство, кое најверојатно ќе им донесе три бода од ова дерби. 

  • Голот на Де Брујне: 
  • Голот на Стерлинг:
  • Голот на Фоден:

Доколку не се случи некое чудо на „Итихад“, Ливерпул ќе го запише само вториот овосезонски пораз во Премиер лигата, по тој од Вотфорд пред четири месеци.