ВИДЕО: Ливерпул со пресврт го доби Барнли, Челзи на „колена“ пред Волвс

Фудбалерите на Ливерпул, во рамките на 15. коло на гостински терен против тимот на Барнли, со пресврт во вториот дел славеa победа од 1-3 (0-0) и го задржа чекорот со водечкиот Манчестер Сити.

По 0-0 на полувремето, во 54. минута минута следеше вистински шок за тимот на Јирген Клоп, откако Корк по еден корнер го матира Алисон. Само осум минути подоцна Милнер израмни на 1-1, а во 69. минута Роберто Фирмино, по асистенцијата на Ван Дијк донесе предност од 1-2. До крајот на мечот и двата тима играа отворено, создадоа неколку шанси за погодок, а конечните 1-3 ги постави Шаќири во 93. минута.

Челзи на гостински терен запиша неуспех против тимот на Вулверхемптон, откако беше поразен со 2-1, иако по првиот дел имаа предност од 0-1. Избраниците на Сари доминираа во првото полувреме, а голот за водство по првите 45 минути го постигна Лофтус-Чик во 18. минута. Во вториот дел играта на „сините“ едноставно се распадна, а тоа резултираше со два гола за само четири минути на „волците“. Најпрво во 59. минута Корк израмни на 1-1, а во 63. минута Хота погоди за целосен пресврт (2-1).

Фудбалерите на Фулам на домашен терен ремизираа против Лестер Сити со 1-1, а со идентични 1-1 заврши и мечот меѓу Евертон и Њукасл.