ВИДЕО: Ливерпул со „петарда“ за Хадерсфилд повторно е лидер во ПЛ!

Фудбалерите на Ливерпул, во првиот натпревар од 36. коло во Премиер лигата на „Енфилд“ го совладаа тимот на Хадерсфилд со убедливи 5-0 (3-0) и барем до недела, кога Манчестер Сити ќе игра на гости против Барнли повторно ќе бидат на првото место на табелата.

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Јирген Клоп од самиот почеток доминираа и на крајот запишаа сосема заслужена победа. Денешниот триумф го најави Наби Кеита по само 15 секунди игра, откако ја искористи асистенцијата од Мохамед Салах и погоди за водство од 1-0. „Црвените“ имаа доминација, а до крајот на првиот дел погодија Садио Мане и Мохамед Салах за убедливи 3-0.

И покрај сигурното водство, пулените на Клоп и во продолжение константно се закануваа по гостинскиот гол, а во 66. минута Мане со својот втор гол на денешниот натпревар донесе предност од 4-0.

Следеше нова иницијатива на домаќините, а по една одлична акција, која со погодок ја круниса Мохамед Салах, во 83. минута Ливерпул поведе со 5-0. На крајот тој погодок се покажа и како последен во денешната голеада против последнопласираниот Хадерсфилд.

Во следното коло тимот на Ливерпул ќе игра на гостински терен против Њукасл, а претходно на 1 мај ќе го игра првиот полуфинален натпревар против Барселона, во Лигата на шампионите.

>>> ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Кеита погоди за Ливерпул по 15 СЕКУНДИ!