Ливерпул со Ловрен, Окс и Шаќири замина за Марбеља на мини-припреми! 

По кризниот период и двата неочекувани кикса против Лестер Сити и Вест Хем Јунајтед, англискиот гигант Ливерпул изминатиов викенд им се врати на победите во Премиер лигата и со убедливи 3-0 славеше над Борнмут

Сега, пред тимот од „Енфилд Роуд“ претстои првиот европски предизвик оваа година и натпревар против германскиот шампион Баерн Минхен, а во пресрет на првото осминафинале, денес „црвените“ заминаа на мини-подготовки во Марбеља, Шпанија

Ливерпул следниот викенд е без обврски на домашно тло, бидејќи остана без настапи во ФА Купот, па затоа Клоп се реши формата за дуелот против Баварците да ја бруси во Шпанија. 

Германскиот стратег на овие подготовки замина со 31 фудбалер, меѓу кои место имаше за Ловрен и Шаќири, кои изминатиот период поради ситни повреди беа надвор од терените, како и за Алекс Окслејд Чемберлејн, кој скоро десет месеци е без настап. 

Првиот натпревар против Баерн Минхен се игра на „Енфилд“, на 19 овој месец од 21:00 часот.