Ливерпул се реши за уште еден логичен гест: Ќе го испочитува договорот на Жота до крај!

По трагичната сообраќајна несреќа, во која животот го загуби ѕвездата на Ливерпул, Диого Жота, англискиот гигант се реши за два логични и правилни геста. 

Целиот тим на Ливерпул е преплавен од тага. Од моментот кога се дозна дека Жота починал, сегашните и поранешните соиграчи се обратија за да изразат сочувство. 

Клубот веќе потврди дека ќе го повлече дресот на Жота, на што наиде на позитивни реакции од фановите. Покрај тоа португалскиот весник „Рекорд“ објави дека клубот од „Енфилд роуд“ ќе ги исплати преостанатите две години од неговиот договор на семејството на Жота.

Покрај Жота почина и неговиот брат Андре Силва, кој исто така беше фудбалер.