Ливерпул сака нова победа, но Аталанта ја научи лекцијата во Бергамо

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, овие денови сигурно се чувствува како најголем баксуз помеѓу сите колеги, со оглед на тоа што во текот на викендот надвор од тимот беа десет фудбалери (повеќето одбранбени), дел поради повреди, дел поради ковид-19 (во овој случај Мохамед Салах). Меѓутоа, Германецот имаше големи кадровски проблеми и пред гостувањето во Бергамо пред три недели, па неговите момци беа исклучително ефикасни и покрај нашите очекувања (5-0). Клоп не го криеше задоволството по тој меч и јавно ги пофали своите напаѓачи.

„Мислам дека никој вечерва немаше да успее да се одбрани од Садио Мане, Мо Салах и Диого Жота“.

Португалецот тогаш постигна хет-трик, па веруваме дека тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, на него ќе обрати посебно внимание. Самиот италијански стручњак по катастрофата во Лигата на шампионите кажа дека неговата екипа мора да научи од меч во меч да се прилагодува на противникот. Гасперини би требало на располагање да ги има сите играчи освен повредените Руслан Малиновски и Матија Калдара, меѓутоа овојпат нема да направиме грешка и да им доделиме доверба на Италијанците.

>>> Сите квоти на мечот Ливерпул - Аталанта во MOZZART

„Црвените“ се една од четирите екипи кои по три кола во Лигата на шампионите и понатаму имаат максимален учинок, додека гостите беа убедливи против Мидтјиланд (4-0), а потоа одиграа 2-2 со Ајакс, па имаат солидни шанси да се најдат во следната фаза. Како едните, така и другите знаат да се „распукаат“, па повторно очекуваме доста погодоци (можеби дури и ГГ3+), додека улогата на фаворит, без оглед на сè, ја имаат домаќините.