Ливерпул размислува за продажба на Салах, Реал заинтересиран за ѕвездата

Салах

Европскиот вицешампион Ливерпул не планира да му ги исполни барањата на Мохамед Салах, кој инсистира на 400.000 евра неделна плата со новиот договор.

Тоа е неприфатливо за премиерлигашот, кој би можел да се одлучи да го продаде уште ова лето. Египетската ѕвезда е на радарот на Реал Мадрид, кој будно ја следи ситуацијата на „Енфилд“. Се споменува сума од 70 милиони евра, за која „црвените“ би биле подготвени да преговараат со мадриѓани.

30-годишникот е обврзан со англискиот клуб до наредното лето. Во меѓувреме преговара за нова соработка, но има поставено високи услови, кои засега не се прифатени од Ливерпул.

Јирген Клоп се ослободи од Садио Мане, но се засили со Калвин Ремзи, Дарвин Нуњез и Фабио Карваљо.