Ливерпул подготвува нови договори за Милнер и Матип

Како што пишуваат британските медиуми екипата на Ливерпул е подготвена да ја продолжи соработката со Џејмс Милнер и Жоел Матип.

Без разлика на исходот од утрешното финале на Лигата на шампионите против Тотенхем, од раководството на „црвените“ го искажале своето задоволство од одиграната сезона на двајцата искусни фудбалери и набрзо на маса ќе им достават нови договори. 

Засега не е познато на колкав период ќе бидат продолжени договорите, а се шпекулира дека тоа ќе биде на три години. Исто така не е познат финансискиот дел, односно дали двајцата ќе добија зголемување на својата плата. 

Моментално Милнер заработува 120.000 неделно, додека платата на Матип изнесува 100.000 евра. 

Ливерпул зад себе остави фантастична сезона во Премиер лигата, но ниту 97-те бода не беа доволно да се симне од тронот шампионот Манчестер Сити.