• Мартин Танасковски
Ливерпул ја запиша третата победа во новата сезона од Премиер лигата, совладувајќи го Барнли со минимални 1-0 на „Енфилд“ во рамки на 4. коло. Иако „црвените“ имаа теренска иницијатива и поголем број на прилики во текот на натпреварот, отпорот на цврстиот Барнли беше скршен дури во судиската надополнување.
Во петтата минута од продолжението, Мохамед Салах ја презеде одговорноста од белата точка и со прецизен удар го постигна единствениот погодок на средбата, со кој Ливерпул стигна до важни три бода. Со овој гол Мохамед Салах на „вечната листа“ го мина Енди Кол и сега е на четвртото место.
Барнли можеше да се надева на позитивен резултат благодарение на дисциплинираната одбрана и неколкуте интервенции на голманот, но во самиот финиш немаа сили да го издржат притисокот на фаворитот.
Овој триумф му овозможи на тимот на Арне Слот да остане во чекор со водечките екипи на табелата, а пред нив е дербито на Мерсисајд. Во следното коло на „Енфилд“ гостува големиот градски ривал Евертон, дуел кој секогаш носи дополнителен набој и внимание кај навивачите.
Барнли пак, по минималниот пораз, ќе има можност за поправен испит во пресметката со Нотингем Форест, каде што ќе се обиде да дојде до нови бодови и да ја подобри својата позиција на табелата.

