• Горан Упале

Фудбалерите на Ливерпул со победа ја отворија сезоната во Лига Европа. По лошата ланска сезона во Премиер лигата, „црвените“ оваа сезона ќе се борат за титулата во второто по квалитет натпреварување на УЕФА, а стартот им беше успешен. На гостувањето во Австрија, момците на Јирген Клоп по пресврт го совладаа ЛАСК со 1-3.
- Ливерпул - ЛАСК 1-3:
Натпреварот во Линц започна според очекувањата. Ливерпул беше тој кој што доминираше на терен и притискаше по водство, но први се радуваа домаќините. Се играше 14. минута кога Флекер го најде патот до мрежата на Келехер и донесе водство за ЛАСК од 1-0. Овој резултат беше активен сè до 56. минута кога гостите од Англија добија најстрога казна, а сигурен реализатор на ударот од единаесет метри беше Дарвин Нуњез (1-1).
Уште несоземени, за краток период домашните фудбалери добија уште еден удар. По одлична тимска акција, новото засилување Гравенберх прецизно центрираше до Луис Диаз, кој погоди за 1-2. Во самиот финиш Мохамед Салах стави точка на натпреварот и ги постави конечните 1-3.
Убедлива победа во првото коло забележа и тимот на Баер Леверкузен, над шведскиот шампион Хакен. На „Бај Арена“ натпреварот заврши со 4-0 за домашниот тим, а за гостите поради повреда не настапи македонскиот напаѓач Трпчевски.
- Баер Леверкузен - Хакен 4-0:
Стартни три бода забележа и тимот на Рома. Момците на Жозе Мурињо со головите на Паредас и Лукаку со 1-2 го совладаа Шериф, додека Виљареал со пораз се враќа од Атина, откако со 2-0 загуби од Панатинаикос.
- Шериф - Рома 1-2:
На останатите натпревари Рен беше сигурен против Макаби Хаифа (3-0), Карабах го совлада Молде со 1-0, додека без победник заврши натпреварот меѓу Ројал Унион и Тулуз.