Ливерпул планира шампионска парада без разлика на исходот во ПЛ и ЛШ

Ливерпул

Ливерпул има шанса до крајот на сезоната да освои уште два трофеи. Во финалето од Лигата на шампионите ќе го предизвика Реал Мадрид на 28 мај, а стои на еден бод од Манчестер Сити во пресрет на последното коло од Премиер лигата.

Тимот на Јирген Клоп има историска можност да комплетира освојување на четири титули. Тоа не му успеало на ниту еден англиски клуб.

Екипата од „Енфилд“ досега се радуваше на трофеите во ФА и Карабао Купот. Тоа е доволна причина за „црвените“ да планираат парада, без разлика на конечниот исход во преостанатите два натпреварувања оваа сезона.

На шампионската парада ќе има место и за женскиот клуб кој обезбеди пласман во женската Супер лига.