Ливерпул официјално се раздели со двајца фудбалери

Екипата на Ливерпул ќе прави промени во својот ростер и се раздели со двајца фудбалери по крајот на актуелната сезона.

Дел од „црвените“ повеќе не се Даниел Стариџ и Алберто Морено кои како слободни ќе може да си бараат нови средини. Клубот им посака многу среќа во иднина каде и да играат, а слично изјави и Јирген Клоп, кој истакна дека сите навивачи мора да се заблагодари на ова дуо за се што направило за клубот.

Двајцата беа дел од тимот на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите, но само како измени. Не добија шанса да влезат од клупата за резерви, но се радуваа на европското злато во Мадрид.

Стариџ беше важен дел од Ливерпул кога тренер беше Брендан Роџерс, но повредите му ја уништија кариерата во таборот на „црвените“. Морено, пак, ќе се памети по одличното издание во финалето на Лига Европа во 2016 година.