ВИДЕО: Ливерпул одигра шампионски, Лестер целосно надигран на „Енфилд“

Ливерпул насловна

Ливерпул одигра шампионски и на домашен терен славеше на дуелот со Лестер Сити (2-0) во деветтото коло од Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот: 

Јирген Клоп постави одлична тактика и беше сведок на едно од најдобрите изданија на неговите фудбалери во новата сезона. Со трите бода бранителот на титулата се искачи на делба на првата позиција, заедно со Тотенхем на Жозе Мурињо.

Домаќинот заслужено се израдува на победата, ако се погледнат шансите и прикажаното на „Енфилд“. Џони Еванс ја затресе сопствената мрежа и им овозможи на „црвените“ полесно и послободно да одиграат во остатокот од мечот.

Пред паузата Диого Жота погоди за 2-0, продолжувајќи ја одличната голгетерска сезона. Тој е првиот фудбалер на Ливерпул кој постигнал погодок на првите четири мече на домашен терен. Продолжението беше тешко за Каспер Шмајхел, кој мораше да интервенира во многу наврати, со цел да спречи дебакл. Прилики не искористија Жота, Фирмино и Мане. Домашните фудбалери сакаа да го докрајчат противникот, а во тоа успеаја во самиот финиш.

Ветеранот Џејмс Милнер изведе корнер, а Фирмино скокна највисоко и го постави конечниот резултат со прецизен удар со глава.