ВИДЕО: Ливерпул одигра брилијантно, машинеријата на Клоп го „сомле“ и Лестер! 

Ниту Лестер Сити не го најде лекот за неверојатниот Ливерпул, кој и по 18 натпревари во Премиер лигата не знае за пораз и има скор од 17 победи и само едно реми. Машинеријата на Јирген Клоп вечерва ги „сомле“ „лисиците“, кои беа надиграни и поразени со убедливи 0-4 (0-1). Со оваа победа Ливерпул се искачи на +13 во однос на Лестер, кој и покрај поразот остана втор, но може да го загуби тоа место, доколку утре Манчестер Сити слави во дербито со Вулверхемптон.

  • Извештај од натпреварот:  

Јирген Клоп и покрај тоа што пред само неколку дена тимот се врати од Доха, каде го освои трофејот во Светското клупско првенство, за вечерашниот натпревар се реши на терен да истрча со најсилен состав. 

Вајналдум се врати по повредата и започна од првата минута, додека Салах, Фирмино и Мане повторно беа предводници во офанзивата, а Сенегалецот по само неколку минути игра ја имаше првата голема шанса за отворање на резултатот, но биеше покрај голот на Шмајхел.

„Црвените“ без водство остана и по зицерот на Салах во 12. минута, но Боби Фирмино, кој и им го донесе светскиот трофеј против Фламенго, повторно беше на висината на задачата и по фантастичниот центаршут на Александар Арнолд со глава ја закова топката во голот на „лисиците“ (0-1). 

Лестер пак речиси ништо не покажа во првите 45 минути, цело полувреме го мина во својата половина, бранејќи се од налетите на гостите, па на полувреме замина без ниту еден шут кон голот на Алисон

Формацијата 4-1-4-1 на Брендан Роџерс не донесе резултат во првиот дел, но Ирецот се реши да не менува ништо на стартот од вториот, па Ливерпул продолжи да го диктира темпото и Салах во 53. минута пропушти нова можност за погодок. 

Ако Боби Фирмино погоди по додавање на десниот бек на Ливерпул, во 55. минута не успеа да го искористи прецизниот центаршут на левиот бек Робертсон и биеше покрај голот на Шмајхел. 

Поранешниот менаџер на „црвените“ првиот потег го подвлече во 60. минута, кога во игра го внесе Олбрајтон, кој ја донесе потребната свежина и Лестер конечно се разбуди. Медисон имаше неуспешен обид од слободен удар, додека најзрелата шанса ја пропушти Прет, откако од дистанца го промаши целиот гол. И кога се очекуваше дека „лисиците“ ќе влезат во тотална офанзива и ќе го нападнат, Сојунчу несреќно играше со рака во својот казнен простор и Ливерпул доби пенал, кој во гол го претвори Џејмс Милнер за 0-2 за лидерот.

Голот на нововлезениот Англичанец само беше најава на нова иницијатива на Ливерпул, која донесе два брзи погодоци погодок, откако Фирмино и Александар Арнолд го совладаа Шмајхел и донесоа убедлива победа за својата екипа од 0-4. 

Во следното коло Ливерпул го чека дуел со Вулверхемптон, додека Лестер Сити раните ќе ги лечи на гости кај Вест Хем Јунајтед

Состави

Brendan Rodgers

4-1-4-1

    Jurgen Klopp

    4-3-3