Ливерпул од следната сезона со нов спонзор: Збогум за „Најк“, се враќа германскиот гигант!

Англискиот гигант Ливерпул најави промена во производителот на опремата за новата натпреварувачка сезона. Бидејќи им истекува договорот со „Најк“, „црвените“ од следната сезона ќе играат во дресови направени од „Адидас“.

Тоа ќе биде трета соработка помеѓу Ливерпул и „Адидас“. Првата траеше од 1985 до 1996 година, како и помеѓу 2006 и 2012 година. Промената доаѓа откако петгодишниот договор со „Најк“ завршува, а „Адидас“ го презема како главен спонзор на опремата од 1 август 2025 година. Според актуелниот договор, „црвените“ добиваа околу 70 милиони евра годишно од „Најк“, од кои 30 се фиксни, а остатокот доаѓа како процент од продадените дресови. Британски извори наведуваат дека од следната сезона англискиот клуб ќе има значително поповолни услови, што ќе донесе и поголем профит.

Соработката на Ливерпул со германската компанија е голем дел од историјата на клубот, како што потврди извршниот директор на клубот Били Хоган:

„Сите во клубот се многу возбудени што повторно ќе го интегрираат Адидас во семејството на Ливерпул. Уживавме заедно во големите успеси во минатото и создадовме некои од најнезаборавните дресови во историјата на клубот“.

Многу фудбалери кои ја одбележаа клупската историја играа во дресовите на Адидас. Можеби најголемиот синоним за тој дрес е Фернандо Торес, кој во тој период беше најголемата ѕвезда на Ливерпул.