„Ливерпул нема да има сили за да одигра на исто ниво и оваа сезона“

Ако минатата година не ја освои Премиер лигата, Ливерпул не треба да се надева дека тоа ќе го стори во претстојната сезона, смета поранешниот член на „црвените“, Ел-Хаџи Диуф.

Според Сенегалецот, Манчестер Сити одново ќе биде пред конкуренцијата во Англија, а Јирген Клоп ја пропуштил најдобрата шанса за освојување на толку очекуваниот трофеј во домашниот шампионат.

„Минатата сезона беше максумумот за Ливерпул. Не верувам дека ќе го задржат нивото на игра оваа сезона. Мислам дека е невозможно Јирген Клоп да ја предводи екипата во титула во Премиер лигата, барем не додека Пеп Гвардиола е во Манчестер Сити.

Салах и Мане се одлични, но очекувам тие да ја намалат продуктивноста во наредните неколку месеци. А, ако тие не играат како што треба, Ливерпул нема многу шанси за големи успеси...“ , вели поранешниот сенегалски репрезентативец.

37-годишникот од Дакар го носеше дресот на тимот од „Енфилд“ во периодот од 2002-2005 година.