ВИДЕО: Ливерпул на Клоп и натаму тоне, и Брајтон му „спакува“ ТРИ гола!

Екипата на Ливерпул продолжува да тоне и да ги разочарува своите фанови со резултатите во Премиер лигата. По поразот од Брентфорд во претходното коло, вечерва, момците на Јирген Клоп беа надиграни од уште еден тим кој важи за најпријатно изненадување на сезоната во англиската елита. Брајтон на Де Зерби ги искористи своите шанси на „Амекс Стадиум“ и заслужено извојува голема победа од 3-0 (0-0).

  • Брајтон - Ливерпул 3-0:

Моќниот тим на Ливерпул падна во вториот дел, кога Соли Марч за само шест минути постигна два гола, додека во самиот финиш поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал, Дани Велбек со мајсторски погодок стави точка на натпреварот и ги постави конечните 3-0. Со оваа победа Брајтон го претекна Ливерпул на премиерлигашката табела и сега е на седмото место, а „црвените“ паднаа на осмо.

Сигурна победа забележа и екипата на Нотингем Форест. Повратникот во англиската елита исто како Брајтон со моќно второ полувреме впиша значани три бода на своето конто. Со двата гола на Џонсон во 65. и 86. минута „шумарите“ го средија тимот на Лестер Сити. 

  • Нотингем Форест. - Лестер Сити 2-0:

Фудбалерите на Саутемптон режираа херојски пресврт на „Гудисон Парк“, а најзаслужен за тоа беше првата ѕвезда на тимот Џејмс Ворд-Праус. Одличниот играч за врска со два спектакуларни гола во вториот дел донесе пресврт-победа за својот тим на гостувањето кај Евертон, откако домаќинот во финишот од првото полувреме преку Онана поведе со 1-0.

  • Евертон - Саутемптон 1-2:

До големи три бода стигна и Вулверхемптон на Јулен Лопетеги. Во битката за опстанок „волците“ со минимални 1-0 го совладаа составот на Вест Хем и го запишаа првиот премиерлигашки триумф под водство на новиот менаџер.

  • Вулверхемптон - Вест Хем 1-0:

На отворањето на денот во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед по пресврт славеше на големото градско дерби со Сити, со резултат 2-1.

Состави

Roberto De Zerbi

4-2-3-1

    Јирген Клоп

    4-3-3