Ливерпул на чекор од првото засилување за следната сезона

Спортинг

Младиот напаѓач на Спортинг, Андре Кардосо, одби да го продолжи договорот и со тоа направи чекор кон трансферот во Ливерпул.

18-годишникот има неколку понуди од големи екипи, но најверојатно ќе заигра на „Енфилд“ наредната сезона.

Токму преговорите со англискиот гигант се причината за неговиот негативен одговор на новата понуда на тимот од Лисабон, пишуваат португалските медиуми.

Доколку пристигне во редовите на „црвените“, најверојатно ќе ја започне кариерата во У23 тимот.