ВИДЕО: Ливерпул му се одмазди на Барнли и ја презеде пол-позицијата за ЛШ!

Екипата на Ливерпул во вистински момени му се реваншира на Барнли за поразот на нивното прво соочување оваа сезона (0-1), и како гостин со победа од 0-3 ја презеде пол-позицијата за четвртото место, кое идната сезоната води во Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот:

Ланскиот шампион на Премиер лигата беше во крајно незавидна ситуација во последниот период, затоа што откако ја загуби трката за одбрана на титулата, во воздух му висеше и пласманот во Лигата на шампионите, но сега, на едно коло до крајот на шампионатот се е во рацете на момците на Јирген Клоп.

Дуелот на „Турф Мур“ го отвори бразилскиот ас Фирмино, со гол во самиот финиш од првиот дел, додека на почетокот на вториот, Филипс погоди за 0-2 и го трасира патот до победата на својот тим. Конечните 0-3 ги постави Оксел-Чемберлејн во 88. минута. 

На едно коло до крајот на шампионатот Ливерпул е на четвртото место на табелата со 66 бода, идентично како и Лестер кој е петти. Кристал Палас е последната пречка на „црвените“ на Клоп, додека „лисиците“ за свој противник во 38. коло го имаат Тотенхем.