• Горан Упале

Ливерпул обезбеди голема инвестиција за иднината. Англискиот гигант го договори трансферот на 18-годишниот Лука Бругманс од Генк за сума која со бонуси може да достигне 35 милиони евра.
Младиот Белгиец потпиша шестгодишен договор, но до крајот на сезоната ќе остане во Генк на позајмица, а во Ливерпул ќе се приклучи во летото 2027 година.
Бругманс е висок неверојатни два метри, а се очекува да порасне уште. Сепак, неговата висина не е единствената причина за големиот трансфер, тој е модерен голман, одличен со топката во нозете и сака да учествува во изградбата на нападите.
Оваа сезона веќе ги бранеше сите четири натпревари за Генк, а претходно се развиваше и во академијата на ПСВ. Ако се активираат сите бонуси, Бругманс ќе стане најскапата продажба во историјата на Генк.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.







