• Саше Љолес
Бразилскиот голман Алисон Бекер и следната сезона ќе го брани голот на Ливерпул, откако клубот ја активираше клаузулата во неговиот договор за продолжување на соработката за уште една година.
Менаџерот на тимот, Арне Слот, инсистираше на задржување на искусниот чувар на мрежата, и покрај интересот од други клубови, вклучувајќи го и италијанскиот гигант Јувентус.
Алисон е дел од Ливерпул од 2018 година, кога пристигна од Рома, и од тогаш е еден од столбовите на тимот. До овој момент, во дресот на „црвените“ одигра 252 првенствени натпревари.









