• Иван Димовски
Екипите на Ливерпул и Арсенал претрпеа порази во подготовките за новата сезона, откако „црвените“ загубија од Монако со 3-2, додека Борусија Дортмунд беше подобра од „топчиите“ со идентичен резултат.
Ливерпул одлично го започна натпреварот и по само 29 минути имаше предност од 2-0. Александар Исак погоди по асистенција од Рајан Гравенберг, а потоа шведскиот напаѓач му асистираше на Флоријан Вирц за вториот гол.
- Ливерпул - Монако 2-3:
Сепак, Монако намали преку Александар Головин од пенал пред паузата, а во вториот дел Мика Бирет израмни. Целосниот пресврт го комплетираше Парис Брунер во 88. минута за победа од 3-2.
Арсенал, пак, на „Емирати“ загуби од Борусија Дортмунд со 2-3. Германскиот тим поведе со головите на Самуел Инаси и Константинос Карекас, по што Итан Нванери намали во 54. минута.
Филип Мане само четири минути подоцна повторно му донесе предност од два гола на Дортмунд, а Виктор Ѓокереш од пенал во финишот ги постави конечните 2-3.










