Ливерпул испрати скаути во Франција за ѕвездата на Лион

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мемфис Депај, е новото име кое е интересно за Јирген Клоп и Ливерпил.

Наводно, тимот од „Енфилд“ го посакува холандскиот репрезентативец во своите редови, па претходниот викенд испрати скаути во Франција. Тие го следеа неговиот настап за Лион во триумфот против екипата на Олимпик Марсеј.

Германскиот тренер во него гледа како одлична конкуренција за ударното трио Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино.

Исто така, „црвените“ ја следеа играта на Хусем Уар и Тангај Ндомбеле за кои постои интерес од половина Европа.