Ливерпул и официјално се раздели со Џиџи Вајналдум

Екипата на Ливерпул и дефинитивно останува без еден од најдобрите играчи за врска од ростерот на Јирген Клоп.

Холандскиот играч за врска, Џиџи Вајналдум беше еден од клучните играчи во подемот на „црвените“ во последните неколку години, но дојде време за збогување.

Ова го потврди и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по победата над Кристал Палас, признавајќи дека губи важен фудбалер, но и голем пријател.

Наводно, Вајналдум не сакаше да го продолжи договорот, барем не според истите финансиски услови, па сега е во потрага по нова средина. Најголеми шанси за неговиот потпис има шпанскиот гигант Барселона.