Ливерпул и Монако молчат, но тренерот Клемент го потврди трансферот на Минамино

Веќе подолго време се шпекулира за трансферот на Такуми Минамино од Ливерпул во Монако, но по тоа прашање не се огласија ниту англискиот ниту францускиот клуб. Сепак, потврда доаѓа од тренерот на Монако, Филип Клемент.

„Многу сум среќен, го познавам многу долго време. Сите сме убедени дека има квалитет кој ќе донесе добри работи во нашиот тим.

Тој веќе има големо искуство, направи многу добри работи и во Салцбург и во Ливерпул, каде имаше голема конкуренција, така што ова е одлична можност за нас“, изјави Клемент на прашањето за засилувањата.

Францускиот клуб, како што се наведува, на Ливерпул ќе му плати 15,5 милиони фунти, односно 18 милиони евра на име обештетување.