• Иван Димовски
Американската фудбалска турнеја на европските елитни клубови е во полн ек. Ноќва се одиграа неколку натпревари од кои дел беа и англиските претставници.
Во дербито кое се одигра во Филаделфија екипата на Ливерпул со 2-1 го совлада Арсенал. Слот и Артета одбраа квалитетно, а „топџиите“ беа речиси со прв состав. Резултатот беше отворен по 13 минути игра, а стрелец беше Мохамед Салах. Веќе во 34. Ливерпул стигна до двојна предност со голот на Фабио Карваљо, додека двоен асистент беше Харви Елиот. Единствениот погодок за Арсенал го постигна Каи Хаверц пред полувремето, а во второто немаше измени на резултатот.
- Ливерпул - Арсенал 2-1:
Манчестер Јунајтед запиша победа, меѓутоа таа дојде со висока цена бидејќи се повредија уште двајца фудбалери на Ерик Тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ со 3-2 го совладаа шпански Бетис во Сан Диего. Лосада донесе предност за Шпанците, а на тоа Јунајтед одговори со три гола за 14 минути преку Рашфорд, Диало и Касемиро. Во продолжението Љоренте ги постави конечните 3-2. Пех за тимот од Англија беа повредите кои ги заработија Маркус Рашфорд и Ентони.
РБ Лајпциг успеа да забележи победа над Астон Вила со 2-0. Германскиот тим со погодоците на Андре Силва и Лоис Опенда во првиот дел го решија прашањето за победникот. Ељиф Елмас беше стартер и одигра 73 минути пред да биде заменет.
- РБ Лајпциг - Астон Вила 2-0:
Прва победа на подготовките запиша Челзи, против Клуб Америка од Мексико со 3-0. Победата на „сините“ ја донесоа Нкунку и Мадуеке со голови од пенал, додека од игра погоди Марк Гуиу.
- Челзи - Клуб Америка 3-0:
Елитните пријателски натпревари на американско тло ќе продолжат и во следниот период.