ВИДЕО: Ливерпул го „распна“ Јунајтед во дербито и остана во игра за ЛШ!

Екипата на Ливерпул забележа премногу важна победа, триумфира во дерби-дуелот со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (2-4) и со првиот успех на овој стадион по седум години остана во игра за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите.

  • Манчестер Јунајтед - Ливерпул 2-4:

„Црвените“ на Клоп се најдоа во незавидна ситуација затоа што мора да победуваат до крај, но и не зависат сами од себе во борбата за четвртата позиција на табелата која носи директно учество во групите на Лигата на шампионите. Ливерпул сега е петти со 60 бода, пред нив е Челзи со 64 бода, но вреди да се напомене дека „црвените“ имаат меч помалку на контото.

Дерби-дуелот во Манчестер го реши офанзивата на Ливерпул. Блескаа Роберто Фирмино, Мохамед Салах и Диего Жота, па ланскиот првак кој оваа година го загуби тронот од Сити прокнижи значајни три бода. Јунајтед поведе прв на натпреварот преку Бруно Фернандез во 10. минута, во во последните десет минути од првиот дел, Жота и Фирмино донесоа пресврт.

На стартот на вториот дел пристигна и втор гол од Фирмино, за 1-3, а откако Рашфорд во 68. минута намали на еден гол негатива за „ѓаволите“, Мохамед Салах не остави ништо на случајноста и во самиот финиш по асистенција на Џоунс ја запечати победата на „театарот на соништата“.

  • Астон Вила - Евертон 0-0:

Претходно, Астон Вила и Евертон го поделија пленот и одиграа реми без голови. До крајот на Премиер лигата има уште две кола, со исклучок на Ливерпул кого го чекаат три средби.