ФОТО: Ливерпул го претстави дизајнот на домашниот дрес за идната сезона

Фудбалерите на Ливерпул одиграа уште еден фантастичен натпревар во Лигата на шампионите и заслужено обезбедија полуфинале против тимот на Барселона

Синоќа со 1-4 беше совладан Порто, а утрово на официјалниот Твитер профил на „црвените“ беше откриен новиот дизајн на домашниот дрес за идната сезона. Дресот, кој повторно е изработен од страна на „Њу Баланс“, е речиси идентичен како оној кој пред неколку седмици „протече“ на социјалните мрежи и предизвика незадоволство кај фановите. 

Сепак, се работи за прашање на вкус. Погледнете го новиот домашен дрес на англискиот гигант: